Skip to main content

Пукотници во ценатрот на Охрид

При меѓусебна пресметка резултира со едно повредено лице. Стружанецот се здобил со прострелна рана во коленото.

 |  Татјана Маленкова  | 
Stefan Dimoski
Стефан Димоски
СВР Охрид потврдува дека имало меѓусебна пресметка на улицта Гоце Делчев во Охрид. На 28.06.2009 година, околу 02,00 часот на ул. „Гоце Делчев“,  се сретнале  лицето К.А (24) с.Велешта-струшко и  М.М.(26) од с.Горно Татеши-струшко .

carshijaМеѓусебната расправија резултирала со пукање од огнено оружје, при што на К.А  му бил нанесена повреда во десното колено. По наредба на истражен судија извршен е претрес во домот на М.М., каде се пронајдени автоматска пушка, три рамки, муниција, еден нож и секирче. К.А. е задржан за понатамошно лекување во олницата Св Еразмо, а се преземаат мерки за пронаоѓање на М.М. и целосно расчистување на случајот, велат од СВР Охрид.

Лицето за кое постои сомневање дека е извршител на делото е во бегство. Од СВР велат дека се превземаат мерки за негово пронаоѓање. Инаку портпаролот на СВР вели дека лицето М.М е добро познат на службата, а неговото име го има во евиденциите на секторот како лице сторител на кривично дело.

{loadposition content9}