Skip to main content

Охрид конечно доби туристички совет

Во Охрид се формира  туристички совет во кој има преставници од Хотам, Атам, туристички водичи, угостители и сите останати чинители на туризмот.

 |  Валентина Нелоска  | 
hotel
хотел
Во Охрид се формира  туристички совет во кој има преставници од Хотам, Атам, туристички водичи, угостители и сите останати чинители на туризмот.

agencijaЦелта на овој совет е обединување на туристичките работници во едно тело за да ги  решат натрупаните проблеми во  сите сегменти од туризмот на локално ниво вели Зоран Стрезоски директор на  Агенцијата за промоција на туризмот. Големиот број проблеми ,натрупани со години нанзад ги седна на иста маса  преставниците од сите туристички сегменти. Обединети ќе бараат начин за решавање на проблемите кои со години се провлекуваат во туризмот. На состанок единствено изостана присуството на такси превозниците. Од туристичкиот совет сите очекуваат многу. Ова требаше да направи пред многу години, органзирање на сите туристички работници да ги кажат своите маки и да се бара излез од проблемите,  да се лоцираат пропустите и по можност уште оваа сезона да се направи чекор на нивно постепено решавање вели Стрезоски.

Туристичкиот совет на Охрид се формира во заедничка соработка помеѓу Агенцијата за промоција на туризмот и Одделението за туризам и локален економски развој при локаланата самоуправа.

 

{loadposition content9}