Skip to main content

Кој е виновен?

Владата на Премиерот Груевски сеуште без одговор за оставката на неколкуте министри.

 |  Николовска Биљана  | 
Nikola Gruevski
Никола Груевски

Имер Селмани рече дека мора да се бараат виновници. Граѓаните со поделени ставови околу најновите политички случувања.

Дали на повидок е пад на владата? Само за два дена  разрешени три министри и двајца државни секретари. Македонската јавност очекува објаснување од државниот врв за ваквиот потег.

sobranie Претседателот на Нова Демократија Имер Селмани вчера од Охрид даде свој коментар околу реконструкцијата на Владата. Тој рече дека оваа кадровска промена нема да ги реши проблемите. Според него треба редизајнирање, правилен пристап кон реалните проблеми и нудење на решенија кои не се состојат во спотови, реклами и изградба на споменици. „Граѓаните бараат исполнување на програмата на ВМРО-ДПМНЕ“ рече Селмани.

Од друга страна, Гарип Каба, како дел од централното раководство на ДПА, смета дека оваа влада сеуште не е функционална, посебно што ДУИ е сосема инфериорна во парламентот. Тој рече дека за брзо време ќе бидеме сведоци на големи политички збиднувања. Неговата изјава ја надополнува претседателот на струшкиот огранок на ДПА Зијадин Села кој  прашува зошто ниту еден од албанските министри не променет.

Владиниот курс спрема надворешната политика, бизнисот, и социјалната компонента во моментов е погрешен и најмалку треба нејзина реконструкција, смета Имер Селмани. Сепак време е Владата да смогне сили и да излезе со конкретен став околу целата состојба.


{loadposition content9}