Skip to main content

Паднаа првите пријави против скутерџиите

Охридската капетанија започна да ја применува одлуката за воведување ред во „дивеењето“ на скутерџиите по охридксите плажи.

 |  Валентина Нелоска  | 
skuter
скутер

Охридската капетанија започна да ја применува одлуката за воведување ред во „дивеењето“ на скутерџиите по охридксите плажи.

skuterОд стапувањето на одлуката на сила до денес се поднесени 17 пријави вели капетанот Љупчо Настоски. Викендов инспекциските служби имаа полни раце работа. „Вчера во координирана акција на капетанијата, Царинската управа и езерската полиција  беа затекнати 8 скутери кои ја прекршија одлуката вели Капетанот Љупчо Настоски. Во акцијата, Царинската управа и одделението за оперативни работи во струшкиот дел на крајбрежието запленија и еден хидроглисер вели капетаното Настоски. Во земјава се регистрирани 175 скутери потенцира Настоски и  најголемиот број од нив пловат во Охридското езеро. Капетанот додава дека одлуката не важи за помалите видови скутери со јачина до 45 киловолти. Скутери се пловните објекти кои превезуваат максимално 3 лица или имаат јачина на погонот од 45 киловолти појаснува капетанот Настоски.
Со забраната, скутерите не смеат да пловат во езерските води од 11 до 18 часот до 20 август. Казните за несовесните скутерџии се изрекување глоба во висина и до 300 евра.
На охридските плажи, годинава се евидентирани два инциденти предизвикани од скутерите, а нивното „дивеење“ на капалишата ги вознемирува капачите и  преставува вистинска опасност по нивните животи.


{loadposition content9}