Skip to main content

До кога ќе има чекачи низ градов?

Законот за туристичка дејност определува вршење на дејност која се нарекува „посредување“.Но, во Охрид како никој да не слушнал за тоа.

 |   | 
Со почетокот на туристичката сезона градот се соочи со еден од најголемите проблеми во организацијата на туризмот, а тоа е дивото посредување во туристичката дејност. За оваа појава ТелевизијА ТВМ информираше уште на самиот нејзин почеток, но ниту една институција до сега ја нема превземено одговорноста за нејзино сузбивање.

Поттикнати од грубата слика која секојдневно се гледа на автобуската станица, но и во потесното градско подрачје, одлучивме да побараме дали постои законско решение за овој проблем. Законот за туристичка дејност, кој определува вршење на дејност која се нарекува „посредување“, го посочува  начинот на кој може да се сузбие овој проблем, вели Професор Др. Науме Мариноски од ФТУ во Охрид и додава:
„Начинот на кој се врши неовластено посредување во издавањето на соби е мошне дегутанте и претставува голема штета не само за туризмот во Охрид, туку воопшто за туризмот во Македонија„
Секако дека постои решение за овој проблем. Оваа појава единствено ќе се сузбие со користење на одредбите од Законот за агенциско работење, во кој е определен начинот на кој се извршува посредување. Но потребна е стратегија, без која неповратно ќе се губат туристите, предупредува професорот Мариноски.