Skip to main content

За коректна истрага на бродската несреќа

Масовен одзив на Охриѓани за иницијативата на здружението на граѓани „Охрид 5 ти Септември“.

 |  Татјана Маленкова  | 
akcija
акција
Масовен одзив на Охриѓани за иницијативата на здружението на граѓани „Охрид 5 ти Септември“.

Денеска на двата пункта  се потпишуваа граѓани од сите воздрасти.

akcija„Со Македонската православна црква договоривме датум за помен на трагично загинатите туристи“, вели претседателот за здруженито.

Од денеска на градскиот плоштад и кај чинарот поставени два пунката каде граѓаните се потпишуваат и бараат коректна истрага за бродската несреќа. Охриѓани масовно излегоа да го дадат свој потпис, со што потврдуваат дека ја подржуваат иницијативата на здружението на граѓани “Охрид 5 ти септември“.

Од иницијативниот одбор неколку часа по поставувањето на пунктовите, задоволни од одзивот на граѓаните.

„Сите кои доаѓаат да се потпишат ја знаат нашата цел“, вели Васко Маркоски, член од иницијативниот одбор.

Претседателот на здружнието „Охрид 5 ти септември“ Сашо Алче, вели дека здружението според замисалата ги спроведува зацртаните цели и активности.

„Со владиката Тимотеј договоривме поменот  за трагично загинатите туристи да се одржи во црквата Св. Софија на 17 октомври, вели Сашо Алче.

Инаку здружението на граѓани „5-ти Септември“ беше формирано на иницијатива на посадите на бродови и граѓани на Охрид, кои бараат истрагата за потонувањето на бродот „Илинден“ да се спроведе објективно, без политички притисоци и без влијание на настаните кои во изминатиот период ги обременуваат односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

{loadposition content9}