Skip to main content

Се санира кровот на катедралната црква Св.Софија

За овој зафат владата издвои 1 милион и 400 илјади денари.

 |  Татјана Маленкова  | 
Sv.Sofija
Св.Софија

За овој зафат владата издвои 1 милион и 400 илјади денари.

„Овој зафат беше неопходен, за да се заштити фрескоживописот кој е од непроценлива вредност“, вели директорот на завод и музеј, Тања Паскали.

Sv.Sofija„Ние баравме интервентни средства. Затоа што ваков зафат немавме предвидено со годишниот план за работа 2009 год., а мораше да го спроведеме. За среќа министервото за култура излезе во престерет на нашите барања и издвои дополнителни милион и 400 илјади денари средства за санирање на кровот на катедралната црква, вели директорот на завод и музеј.“ додава таа.

Од завод и музеј најавуваат дека градежните зафати со санацијата на кровот на црквата треба да бидат завршени за две недели.Отаму уште додаваат дека ќе направат се во иднина да продолжат и проектите изработени одамна за конзервација на вредниот фрескоживопис во црквата.

„Се надеваме дека министертвото за култура и државата  ќе има слух да ги покрјат овие трошоци, со цел зачувување на  непроценливата вредност на катедрачната црква, вели Паскали.

Од последната интервенција во 1994 год. кога комплетно се изврши санација на кровот од црквата беше дојдено до лизгање на герамидите на одредени делови од кровната површина. Бидејки со тоа лизгање претеше опасност да има прокиснување на самата црква од музеј побараа интервентни средствта  во Министервото за култура за санација на извршени оштетувања.  Тие средства ги добија и моментално се работи на санација на кровниот покривач и хидроизолација од крововите од црквата СВ Софија.

{loadposition content9}