Skip to main content

Ќе се рушат сите дивоградби во општина Охрид

Оваа акција градоначалникот ја најави за овој месец.

 |  Татјана Маленкова  | 
divogradbi
дивоградби

„За сите дивоградби имаме поднесени пријави до градежната инспекција“, вели директорот на завод и музеј Тања Паскали.

divogradbi„Сите доградби, поткровја за кои се нема соодветна документација, ќе бидат срушени“, вели Петрески. Тој истакна дека комуналниот инспекторат подготвува список на објекти кои не поседуваат соодветни дозволи и кои есенва треба да бидат срушени.

Оваа акција која се кува во локалната ја потврдија и од комунлниот инспекторат. Раководителот Танас Танскоски вели дека истата која е најавена за овој месец, ќе се спроведе со сигурност, но  може само да се пролонгира поради тоа што градежните инспектори сеуште користат годишни одмори.

„За сите дивоградби имаме поднесено пријави до градежната инспекција. Се согласувеме сите диви градби да се отстранат, вели директорот на завод и музеј Тања Паскали.

Таа додава дека оваа акција треба што поскоро да се спроведи, за граѓаните да сватат дека нетреба своеволно да градат.

Инаку за секој објект конзерваторски надзор и следење на градежните работи вршат од завод и музеј. За сите неправилност ја известуваат градежната инспекција при управата за заштита на културното наследство. Од таму прават записници и контактираат со градежната инспекција. Тука завршуваат ингеренциите на заводот за заштита на спомениците на културата.

Работата со дивите градби понатака е во рацете на градежниот инспекторат, кој годиниве само носеше решенија за рушење  кои не се спроведуваа.