Skip to main content

Згора-здола завршена дезинфекција

Извршена дезинфекција, како мерка за заштита од новиот грип, во основните училишта „Григор Прличев“, „Методиј Патчев“ и „Ванчо Николески“,  делумно во  „Св. Климент Охридски“, „Христо Узунов“ и во трите средношколски центри, а  додека во „Братство Единство“, „Кочо Рацин“ и „Наум Охридски“ засега нема ни трага од дезинфекција.

 |  Влаентина Нелоска  | 
ucenici
ученици
Извршена дезинфекција, како мерка за заштита од новиот грип, во основните училишта „Григор Прличев“, „Методиј Патчев“ и „Ванчо Николески“,  делумно во  „Св. Климент Охридски“, „Христо Узунов“ и во трите средношколски центри, а  додека во „Братство Единство“, „Кочо Рацин“ и „Наум Охридски“ засега нема ни трага од дезинфекција.

uceniciСтанува збор за потребна мерка, но како се поставени работите во моментов не се знае кој ќе ја прави постапката и кој ќе ја плати вели советникот за образование  Митре Велјаноски. Локалната самоуправа е сеуште во прва фаза на децентрализација и добива наменски дотации, но не и за оваа намена објаснува Велјаноски.  Тој обвинува за крајно некоординирана мерка на ресорното министерство со локалната самоуправа.

„Министерството настапува популистички и маркетиншки, се кажува ова мора да се направи до 1 септември, а претходно не е договорено и регулирано како ќе се направи сето тоа“ потенцира советникот за образование.

Мерката дезинфекција е делумно направена во ОУ
„Св. Климент Охридски“, но не и во подрачниот објект во населбата Далјан вели директорката Славица Илиќ. Спроведена е обука за вработените и се дадени препораки за заштита од новиот грип. Но, нема финансиски средства за набавка на течните средства за дезинфекција на раце, вели Илиќ.

Во 5-те објекти на  детската градинка „Јасна Ристеска“ е направена целосна дезинфекција кажува  директорката Марина Тодороска Петроска.

Според препораките на Министерството кај децата кои посетуваат градинка, доколку бидат забележани сомнителни симптоми задолжително ќе мора да донесат потврда од матичниот лекар дека не се заболени од новиот тип грип објаснува Тодороска Петроска, како одговор на најчесто поставуваното  прашања на родителите.

{loadposition content9}