Skip to main content

Владата не штеди за Охрид

Првиот човек на Дирекцијата за Заштита на Културното наследство, археологот Паско Кузман  најавува од идната година дофинализирање на двата веќе започнати и значајни проекти за Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
Plaosnik
Плаошник

Првиот човек на Дирекцијата за Заштита на Културното наследство, археологот Паско Кузман  најавува од идната година дофинализирање на двата веќе започнати и значајни проекти за Охрид.
PlaosnikВладата нема да штеди на започнатите проекти во Градиште и на Плаошник. Во Градиште, комплексот Музеј на Вода ќе биде целосно заокружен со доизградба на 8-те планирани сламени, куќарки најавува археологот Паско Кузман. Во тек е набавка на 2000 кубици специфицирана граѓа која треба да ја обезбеди Македонски шуми објаснува Кузман. Додава дека од 15 ноември граѓата ќе се испрати најверојатно во Словенија каде што ќе прави импрегнација на дрвото за да биде потрајно. На Римскиот Каструм се планира изградба и на 6 -7 бунгалови во римски стил кои биле карактеристични за римските легионари. Тука туристите ќе може да се одмараат и да уживаат во природните убавини, а ќе може да вкусат национална храна во ресторан кој ќе биде изграден на овој простор. Кузман, најавува дека од идната година ќе стартува градењето и на Плаошник, со возобновување на Св. Климентовиот Универзитет. Завршена е постапката за идејно решение на Универзитетот, но сеуште не се знае точно колку ќе чини возобновувањето кажува Паско Кузман. Открива дека неговата изграбда сепак би чинела некаде околу 15 милиони евра.
И двата проекти, Градиште и Плаошник се влезени во Владината програма и ќе се обезбедат буџетски средства објаснува Кузман.








{loadposition content9}