Skip to main content

Сигурно ли знаете да водите љубов?

„Живеј го својот живот пред да започнеш друг“, е мотото под кое се одвива денешната акција за светскиот ден на контрацепцијата.

kondom
кондом

„Живеј го својот живот пред да започнеш друг“, е мотото под кое се одвива денешната акција за светскиот ден на контрацепцијата.

Ivo ZaharievКолку и дали младите во Македонија знаат сигурно да водат љубов? Тие живеат во многу заблуди околу проблемите кои можат да настанат, како последица поради некористење на контрацепција. Потајно во кругот на своите пријатели коментираат за несаканите последици од прераното стапување во сексуални односи. „Сепак многумина од нас во контактите со стручни лица од оваа област, или пак на трибините кои одредени институции ги организираат, дознаваме за сите несакани последици и сосема одговорно се однесуваме кон лицата со кои стапуваме во сексуален контакт“, велат младите.

„Црвениот крст“ од Охрид, обрнува големо внимание на превентивната дејност и на едукација на младите, на тема контрацепција и заштита од сексуално преносливи болести. „Организираме работилници и трибини, кои навистина будат голем интерес кај оваа популација“, велат од таму. „Начинот на кој им ги презентираме темите, е сосема оригинален и прилагоден на возраста и размислувањата на младите“, вели Анета Јовановска,координатор за млади при „Црвен крст“ Охрид.
.
Во текот на една година, околу 85 од 100 сексуално активни жени кои не користат контрацептивна метода ќе забременат. Посетете го вашиот гинеколог и разговарајте за избор на вашиот контрацептивен метод, е советот на лекарите.

Според последната статистика на Институтот „Алан Гутмачер“ денес 219,176 жени ширум светот непланирано ќе забременат. Денес 126,575 жени ширум светот ќе имаат абортус. Доколку се има сексуален однос, а не се користи контрацепција, кај секоја девојка постои ризик од 85% да забремени во период од една година.

{loadposition content9}