Skip to main content

Давење кое остана мистерија

По два и пол месеци смртта на нашите деца е мистерија.

 |  Татјана Маленкова  | 
Naum Velkoski
Наум Велкоски
По два и пол месеци смртта на нашите деца е мистерија.

Од институците ја бараме вистината за несреќата во која загинаа нашиот единец и неговиот другар, вели дедото на едно од децата кои на 10 јули ги пронајдоа мртви во водите на Охридското езеро во близина на хотелот Парк.

Naum VelkoskiСемејствата на двете момчиња што летово ги загубија животите во водите на Охриското Езеро на плажата кај хотелот „Парк“, сеуште чекаат официјален извештај на надлежните органи во врска со несреќата. „До денешен ден немаме никакво званично соопштение, освем извештајот на лекарот кој ја констатиал смртта.

Се поставија доста прашања околу ова насреќа, кои досега никој не ни ги одговори“, обвинува дедото на едно од покојните момчиња, Наум Велковски. Тој пред новинарите, се присети на кобниот 10 јули кога загина наговиот внук. „ Од неговиот телефон ни беше јавено да дојдеме да си го земиме трупот на нашиот покојник. Кога отодовме на местото кај плажата кај хотел Парк имавме што да видиме од што и сега се згозуваме“, вели Велкоски.

„Децата беа извадени од вода  и изложени на сонце и на врелиот песок. Ги чуваа тројца цивилни полицајци. На лице место немаши ни истражен судија ни вешто лице ни од капетанија ни од езерка никоја не можеше да ни објасни ништо“, вели Велкоски.

Дедото се сомнева дека случајот бил несреќа, како што стои во извештајот на службата за итна медицинска помош. Тој вели „Многу нешта не се логични во целиот настан“.

„Самата констатација, дека во 500 600 капачи во сред сезона се удавија не е логична. Не е точно дека не знаеја да пливаат. Знаеја. Во телата не е  пронајден ни грам вода. На децата не се појави никакво смтрно бледило или вкочанетост се додека не беа погребани на градските гробишта, објаснува дедото на покојниот.

Ние не бараме од никого вина, од органите бараме само официјално соопштение, додаде Велкоски. Сега засега ја знаеме само приказната која ни ја кажа третото дете кое било со нив, додава дедото на покојниот.

„Тој вели дека прво му се слошило на внук ми, а по него скокнал Роберт за да го спаси. Изјавите на В.Н што до сега ги дал, една со друга не се ни слични.  Зошто мистериознот за целиот случај. Нема до кого да се обратиме. Луѓето не гледаат во црно и прашуваат зошто, не знеме да им кажиме како настанала смтта. Дома е страотно Два месеци не спиеме. Ги очекуваме децата да се вратат. На децата немаше никави траги на присила. По мое убедување децата се погинати од некој објект кој што ги има уплашено така да им се пукнати жолчките затоа што кај нив вода не е најдена децата така се потонати и после половина саат се надени на 50 до 60 метри од брегот на езерото“, вели Велкоски.

Надлежните институции во врска со настанот објаснуваат дека по случајот уредно е постапено, почнувајќи од увидот па до утврдување до причините кои довеле до трагедијата. Дознаваме дека во извештајот се работи за несреќен случај, а од Основниот суд во Охрид најавија дека во најскоро време извештајот ќе им биде доставен на семејствата.

{loadposition content9}