Skip to main content

Охрид попривлечен за странците во есен

Странците побројни на охридското крајбрежје вон сезона.

 |  Валентина Нелоска  | 
Ohrid
Охрид

Странците побројни на охридското крајбрежје вон сезона.

езероГостите ги има во органзирани тури, но и како учесници  на семинари вели првиот човек на ХОТАМ, Дончо Танески. Со резервациите за семинарите и конгресите кои ќе се одржуваат во охридските хотели до крајот на октомври, се очекува да биде спасена   неуспешната летна сезона  кога имаше намален број на гости.

„Нема конечна и конкретна бројка колку гости има вонсезона, но секако показател дека  периодов е успешен е исполнетоста на хотелските капацитети  од 80 посто, а во одредени термини и 100 посто, па  нема слободни места“ вели Танески.   

Иако не се сумрани резултатите од сезоната која измина веќе се прават подготовки за Лето 2010. Странските туроператори се во посета на Охрид и ги прават завршните договори со хотелиерите за идната туристичка сезона, најавува Танески. Тој потенцира  дека до крајот на октомври се очекува да се обноват договорите со што ќе се добијат најавите за идната сезона.

Останува,само  неизвесно дали македонските туристички аранжмани за сезоната Лето 2010 ќе бидат презентирани и понудени на престојните туристички саеми во Нови Сад и Англија вели Танески.

{loadposition content9}