Skip to main content

Градска мачка ќе крстари низ охридските улици

Станува збор за Специјално возило метачка, од типот СИТИ КЕТ, која ќе ги гланца улиците.

 |  Татјана Маленкова  | 
kamion
камион

Станува збор за Специјално возило метачка, од типот СИТИ КЕТ, која ќе ги гланца улиците.

metalka„Возилото веќе е пуштено во употреба. Ефектот од неговата ангажираност е повеќе од очегледен,вели првиот човек на ЈП Сашо Алче.

Охридските улици се гланцаат. Ново специјално возило Метачка, од типот СИТИ КЕТ, од неодамна ги вшмукува гнасотиите  од улиците.  „Ефектот од овој третман на улиците е видлив бидејки таа позади себе не остава ништо. Улиците се беспрекорно чисти, вели директорот на ЈП Охридски комуналец“, Сашо Алче.

„Ова возило има две четки работи на пинцип на вшмукување на гнасотиите. Капацитетот на надградбата е 1 центиметар кубен. Важно е што има малку електроника и лесно е за одржување“, вели Алче.

„Специјалното возило е доста моќно и сега засега ги задоволува нашите потреби. Новата градска метачка е чекор понапред од технички аспект, додава Алче. Тоа во една смена чисти 50 000 метри квадратни површина, а заменува околу 20 вработени.

Капацитетот му е 10 илјади метри квадратни на час, што за ЈП значи многу. Овозможува да успееме во реализација на програмата „Одржување на јавна чистота“. Средствата се обезбедени од ЈП. Ова возило е користено и чини над милион и илјада денари, додава директорот на ЈП.

Директорот на ЈП најавува дека Комуналец е во план е да набави уште едно вакво возило, со цел комплетна реализација на програмата за Одржување на јавна чистота.„Со продажбата на двата деловни објекти за кои советот даде дозвола, ќе набавиме слично возило на ова. Со тоа доста ќе си олесниме во работата,вели директорот Алче.

{loadposition content9}