Skip to main content

Националната конференција ЕТАИ, по 9-ти пат

Националната конференција со меѓународно учество ЕТАИ, се одржува по 9 ти пат.  На овој мултиконференциски настан присуствуваат повеќе од 250 презентери на трудови од 20 земји. Нашите млади истражувачи на исто рамниште со светските.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

Националната конференција со меѓународно учество ЕТАИ, се одржува по 9 ти пат.  На овој мултиконференциски настан присуствуваат повеќе од 250 презентери на трудови од 20 земји. Нашите млади истражувачи на исто рамниште со светските.

konferencijaМладите Македонски истражувачи, се носат рамо до рамо со врвните сетски  експерти. Темите кои се истражуваат во рамките на истажувањата се обработуваат и од најголемите институти во светот.Нашата работа е барана, затоа што е со врвен квалитет, вели претставник на најмладата генерација млади истражувачи,  Филипо Шаровски.

Не е мал бројот на младите инжињери кои студираат и работат.

„Тешко е да се учи и заработува, но со добра координација и флексибилнот од работодавачот и факултетот се успева се“, вели  Елена Тодороска, студент на електротехничкиот факултат.

Таа додава дека својата иднина ја гледа исклучиво во Македонија, но забележува дека државава воопшто не помага со финансиски средства за научно истражувачка дејност.

Во моментов под менторство на проф. д-р. Љиљана Гаврилоска течат три меѓународни проекти. Еден е финансиран од  од НАТО, преку програмата наука за мир, а другите од европската комисија, преку рамковнта програма 7.

На 9 тата нацинална конференција со меѓународно учество присуствуваат повеќе од 250 презентери од 20 земји ширум светот, вели претседателот на здружението на инжињери за електротехника, телекомуникации и информатика.

Инаку конференциите ЕТАИ веќе 28 години претставуваат врвни национални собири на стручњаците од академската и бизнис заедница во Р Македонија во подрачјата на Електротехниката, Телекомуникациите, Автоматиката и Информатиката. Трудовите од 9 тата конференција ќе бидат објавени во Зборник на трудови.

{loadposition content9}