Skip to main content

Многумина од наставниот кадар, носители на бактерии

По иницијатива на „Министерството за здравство“, ЗЗЗ од Охрид спроведе санитарнини лекарски прегледи во сите образовни институции.

logo
лого

По иницијатива на „Министерството за здравство“, ЗЗЗ од Охрид спроведе санитарнини лекарски прегледи во сите образовни институции.

Atanasko MihailovОхрид превзема превентивни мерки за заштита од новиот вирус АХ1Н1. Состојбата го мобилизира ЗЗЗ и воопшто целата држава, да  посвети поголемо внимание на образовните институции, градинките и студентските домови, токму поради концентрацијата на голем број луѓе на едно место. „Ги спроведовме сите основни превентивни мерки за спречување и појава на пандемија на новиот вирус“, велат од охридскиот ЗЗЗ.

„Со цел да не предизвикуваме реметење во наставниот процес, а воедно и дополнителни трошоци на буџетот на училиштата, испративме наши екипи превентивните прегледи да ги направат таму“, вели Михаилов. „Санитарните прегледи претставуваат законска должност која сите вработени лица треба да ја исполнат еднаш годишно. По завршувањето на испитувањата се покажа дека ваквата превентивна мерка, е полн погодок, токму поради резултатите кои произлегоа од нив“, вели тој. „Кај 309 прегледани наставници, од седумте основни училишта, 25 од нив или 8% се носители на бактерии. Додека во четирите средни училишта, состојбата е следна: од 201 наставник, 10 или 4,9% се носители. Ова е навистина голема бројка и воопшто не е за занемарување“, вели Михаилов.

„Лицата кај кои е докажано дека се носители на некаква бактерија, им е изречена времена забрана за исполнување на работните обврски. Со примање на соодветна терапија препишана од матичен лекар, по период од една недела се повторува лекарскиот преглед се додека не добиеме негативен резултат“, вели Михаилов. Во контекст на разговорот, тој се осврна на обвинувањата упатени кон ЗЗЗ од страна на раководителот за образование Митре Вељаноски и директорката на ОУ Св. Климент Охридски, Славица Илиќ кои тој ги демантира.

Демантот на Михаилов следуваше по предходно изнесените ставови на Вељаноски и Илиќ, дека ДДД мерките се делумно, а не во целост спроведени. Првиот човек на ЗЗЗ, Атанаско Михаилов, јавно и одговорно тврди дека се што е законска регулатива, поврзана со горенаведените мерки е детално спроведена, и доколку некаде нешто недостасува, тој стои на располагање, истото да се реализира во целост.

{loadposition content9}