Skip to main content

Викторија Абрил, во посета на Охрид

Актерката вели дека е фасцинирана од она што го видела досега во Македонија. Признава дека наместо на Сплитскиот филмскиот фестивал каде била поканета да го отвори, се одлучида да дојде во Македонија.

 |  Татјана Маленкова  | 
Viktorija Abril
Викторија Абрил

Актерката вели дека е фасцинирана од она што го видела досега во Македонија. Признава дека наместо на Сплитскиот филмскиот фестивал каде била поканета да го отвори, се одлучида да дојде во Македонија.

Viktorija AbrilГодинешна добитничка на наградата златна камера 300 на фестивалот на филмска камера Брака Манаки, Викторија Абрил, попладнево го посети Охрид. Зад камарата таа признава дека за Македонија досега немала ни слушнато. „Се чувствувам трогателно, вели таа од она што го  видов до сега. Многу убава  земја, интересни и чуствителни луѓе и се чуствувам многу убаво.

Абрил е една од наинтересните Европски и Светски актерки која има донесено многу необични ликови на филмското платно, а има освоено над 40 награди и номинации. Меѓу другите златна мечка во берлин во 1991 год. две награди на фестивалот Сан Себастијан во 2002 год, кога ја доби  Евроспаката Филмска награда за исклучително достигнување во Светскиот филм. Има  девет номинации за Големата Шпанска награда Гоја, која ја освоила еднаш. Соработувала три пати со педро Алмодовар од 1990 год до 1993 год во деведесетите Силно врзиме, 1991 год. Високи потпетици и Кика 1993 год.
50 годишната светски позната актерка, Викторија Абрил на фестивалот во Битола на свеченоста во саботата испеа една песна од својот најнов албум  „Пучерос Добра вил“ и при тоа и беше доделана Златна награда 300 за нејзиниот придонес кон Светскиот филм. Во 1979 година Абрил ја преставуваше Шпанија на изборот за Песна на евровизија.Со музика професионално започнува да се занимава во 2005 година
Утре во Битола таа ќе има средба со новинарите и публиката на која ќе присуствува и екипа на ТВМ од филмската редакција.  Подетално за оваа средба ќе можете да проследите во петок во емисјата Филмско око на ТВ М, која ја подготвува Ѓоко Сиљаноски.

{loadposition content9}