Skip to main content

Општината им се оддолжи на спасителите

Благодарници и златен привезок на лицата кои несебично помогнаа во спасувањето на жртвите од бродската несреќа која се случи на 5 ти септември.

spasiteli
спасители
Благодарници и златен привезок на лицата кои несебично помогнаа во спасувањето на жртвите од бродската несреќа која се случи на 5 ти септември.

спасителиНа свеченоста по повод празникот 11 ти Октомври, доделени благодарници, на поединци, клубови и здруженија, кои несебично дадоа придонес во спасувањето на жртвите од бродската несреќа која се случи на 5 ти септември. Во име на Општината и граѓаните, градоначалникот Петрески, јавно им се заблагодари на: Петар василев, Зоран Гилевски, Васко Јанески, Димитар Пероски, Душко Рувчески, Марика Гаврилоска, Слободан Гаврилоски, Мартин Бошкоски, Рубин Данески, како и на клубот за подводни активности и нуркачкиот клуб „Амфора“, а секако и здружението на граѓани „5ти Септември“. Благодарници и златен привезок со ликот на Св. Климент беа доделени на: Васко Маркоски, Драган Наумоски, Ненед Јеремиќ, Ќемал Бајрам и Гордана Руфческа. Дополнително, по завршувањето на судскиот процес против капетанот Сотир Филески, Општината ќе му додели благодарница, како и на посадата на бродот Илинден. Без нивната несебичност и пожртвуваност, оваа несреќа ќе имаше многу потрагична завршница, вели Петрески.

„Бевме сведоци на една ужасна трагедија, која остави длабоки траги во нашите сеќавања. Во несреќата која ја преживеавме, навистина загинаа 15 лица, меѓутоа беа спасени 43, што сета оваа темнина претставува мала светла точка, која не треба да ја занемаруваме. Дадов свој удел во спасувањето на давениците и се надевам дека луѓето тоа нема да го заборават“, изјави Владо Устијаноски, дел од посадата на Илинден.

Капетанот на бродот Александрија, Петар Василев, кој прв пристигна на местото на несреќата, посакува истата никогаш да не се случеше, и никогаш де немаше причина да ја добие оваа награда.

„Бев меѓу првите кои пристигнаа на местото на несреќата и успеав да спасам 9 мина од давениците. Настанот остави длабоки траги во моите сеќавања, сеуште ноќе кошмарно се будам и мислам дека оваа несраќа нема никогаш да ја заборавам“, изјави Гордана Рувческа.

На чинот на доделувањето на благодарниците, во име на Премиерот на Р.М. присуствуваше Андреј Лепавцов, кој истакна дека Владата максимално ќе се вклучи во сите активности поврзани со несреќата. Присутните разговараа околу активностите за одбележување на 40 дневниот помен на загинатите во бродската несреќа.

{loadposition content9}