Skip to main content

Паѓаат тополи, врби, гранки

Силниот ветер кој што од синоќа го зафати нашиот регион нанесе големи материјални штети. За последиците од  ваквата елементарна непогода надлежните не сакаат да коментираат.

 |  Николовска Биљана  | 
kanal
канал
Силниот ветер кој што од синоќа го зафати нашиот регион нанесе големи материјални штети. За последиците од  ваквата елементарна непогода надлежните не сакаат да коментираат.

kanalМост од топола на каналот „Студенчишта“. Од силниот ветер што синоќа го зафати нашиот регион падна старо дрво од страната на воениот центар за обука на вода. Тоа се урна врз три пловни објекти нанесувајќи им голема материјална штета. Ветерот како елементарна непогода по старото добро правило знае да ги изненади надлежните. Направена е само материјална штета. Каналот не е единственото место што претрпе последица од ветерот.

„На стариот пат Охрид-Струга синоќа околу полноќ беше како хорор филм. Ветерот кој што дуваше немилосрдно кршеше гранки од кои сеуште има остатоци на патот. Кој треба да реагира не се знае. Секој одговорноста ја префрла на друг“.

Од „Македонија пат“, велат дека на стариот пат Охрид-Струга од нивна страна била извршена интервенција врз паднато дрво, врба.  Директорот Лазе Ставрески потенцираше дека адресата на која што треба да се под заштита. Но елементарната непогода според нив е виша сила и не упатија да се обратиме до комуналниот инспекторат.обратиме околу штетата со паднатите дрвја, гранки е во секторот за животна средина, бидејќи кон дрвјата во заштитено подрачје постоел посебен третман и пристап.
Инспекторот за животна средина Игор Трајкоски, рече дека нивна надлежност е да интервенираат, доколку имаат дојава за диво уништување на дрвјата кои се
Одговорниот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски, затекнат од состојбата рече дека веднаш ќе испрати екипи на увид, и согласно тоа ќе покрене налог за делување.  Тој смета дека надлежноста тука е на оние кои управуваат со регионалните патишта. Кој се грижи за природата останува нејасно. Според одговорите на надлежните тие се немоќни пред елементарните предизвици.

{loadposition content9}