Skip to main content

Се решаваат проблеми

Осум куќи наспроти Св. Софија години наназад се соочуваат со горлив проблем.

 |  Николовска Биљана  | 
Branislav Trpcevski
Бранислав Трпчевски
Осум куќи наспроти Св. Софија години наназад се соочуваат со горлив проблем.

sednicaИмено, овие куќи не се конектирани на канализационата мрежа, бидејќи не настапила втората фаза предвивдена со проект, финансиран од странски фондови. „Проаква“, ќе излезе во пресрет.

Во срцето на градот наспроти црквата Св. Софија години наназад 8 куќи не се приклучени кон канализационата мрежа. Овој горлив проблем, денес, на осмата седница посветена на советнички прашања го наметна советникот Томислав Тунтев. Според него недозволиво е во денешни услови да постои ваков проблем. Тунтев има одредени сознанија според сопствениците на куќите. Спорните објекти биле влезени во проект финансиран од странски фонд кој требало да се изведува во две фази, од кои само едната била реализирана.
Првиот човек на „Проаква“, Бранислав Трпчевски, вети дека во најбрз можен рок ќе го дореализира веќе започнатиот проект и ќе изведе конекција на спорните куќи на канализационата мрежа. Тој додаде дека не се работи за голем зафат, само постои мал проблем околу специфичноста на теренот.
Трпчевски потенцира дека граѓаните од овој дел на градот мора максимално да имаат разбирање за време на изведбата на зафатот, како и да овозможат пристап, со цел да се изврши квалитетно конектирање кон канализационата мрежа.

{loadposition content9}