Skip to main content

Маларична ќе биде дислоцирана

Здравствен дом во Охрид повеќе од неопходен. Конечно усоглесени ставовите на централно и локално ниво. Градот ќе добие нов здравствен дом, се чека само да се изгласа ДУП за болнички комплекс.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого

Здравствен дом во Охрид повеќе од неопходен. Конечно усоглесени ставовите на централно и локално ниво. Градот ќе добие нов здравствен дом, се чека само да се изгласа ДУП за болнички комплекс.

MalaricnaОхрид под итно треба да добие нов здравствен дом. Владата средства за овој голем проект има обезбедено одамна. Во моментов се чека само одлука на советот на о.Охрид. Прашањето од страна на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Борис Стефановски на последната седница, дојде во вистински момент.
Одлуката на Владата, Охрид да добие нов здравствен дом градоначалникот Петрески целосно ја оправдува. Според негом  местото на маларична, не е адекватно за потребите на здравствената установа. Додаде дека моменталната локација на објектот е руинирана и до неа пристапот е лош.
Новиот здравствен дом предвидено е да биде изграден во непосредна близина до општата болница Охрид.  Според локалната и централната власт тоа место е соодветна локација каде што корисниците на услугите би имале адекватен медицински пристап.

{loadposition content9}