Skip to main content

Штетното влијание на азбестот

Во Охрид голем број објекти за домување,  сеуште се градат од азбест. Овој материјал претставува минерал кој може да направи огромни штети по здравјето на луѓето.

azbest
азбест

Во Охрид голем број објекти за домување,  сеуште се градат од азбест. Овој материјал претставува минерал кој може да направи огромни штети по здравјето на луѓето.

Goce DelcevНе е мал бројот на објекти за домување или работни простории во Охрид, кои во својата структура содржат азбест. Ова и не би било загрижувачко доколку  не се знае дека азбестот има низа негативни компоненти. Овој материјал, по својата структура претставува минерал, кој може да предизвика огромна штета на белите дробови кај човекот. „Тој во Охрид може да се најде буквално насекаде. Најнегативен пример е населбата Бараки, која целосно е изградена од овој материјал. Азбестот како материјал, не само што е штетен за луѓето кои живеат во објекти изградени од него, туку воопшто неговото делување се пренесува и пошироко. Би било добро доколку од соодветното Министерство за екологија, добиеме средства да го отстраниме во целост ваквиот материјал, меѓутоа состојбата е татква каква што е, а ние како општина не сме моќни тоа да го сториме“, вели Бранко Арнаудов, Началник на секторот за урбанизам при Општина Охрид.

Азбестот може да биде многу опасен за елктричарите, водоинсталатерите, луѓето кои работат на одржување на грејни тела и вентилација. Се проценува дека околу 1000 лица кои работат во овие сектори, умираат годишно од штетните последици на азбестот. Кај сите наши соседни земји, како и во светот воопшто овој материјал е со закон исфрлен од употрба, само кај нас никој не превзема мерки истиот да се замени со соодветен кој не е штетен по здравјето на луѓето.

{loadposition content9}