Skip to main content

Поместени термините на средношколските ескурзии

Традиционалните, средношколски ескурзии годинава се поместени.

 |  Валентина Нелоска  | 
Gimnazija
Гимназија

Традиционалните, средношколски ескурзии годинава се поместени.

Ohridska gimnazijaНаместо во пролет сега ќе се изведуваат во есен. Поместувањето на  терминот  ги загрижува родителите. Стравуваат што патувањата ќе бидат во доцна есен кога времето почнува да заладува. Училиштата имаат оправдување за промената на термините кога ескурзиите се правеа во пролет.  Екстерните испити во јуни се причината што се менува терминот на ескурзиите објаснуваат од гимназијата. Патувањето за нивните средношколци ќе биде на почетокот од ноември.
Доцнат и постапките за избор на агенциите кои ќе го организираат патувањето во двете средни училишта. Во тек се жалбените постапки за избор на агенцијата со која ќе се патува. Во тек е постапката за избор на агенција со која  ќе патуваат средношколците и од ДТУ „Ванчо Питошески“. Потоа следува крајната фаза,  давање согласност од страна на родителите.
Исклучок од поемстувањето на термините е патувањето на средношколците од ЕМУЦ  „Св. Наум Охридски“ кое ќе  биде во мај, во Црна Гора и Хрватска.
Инаку интересот на средношколците за патување надвор од земјата  е голем. Гимназијалците и економистите ќе патуваат во Прага, Виена и Будимпешта. Додека, учениците, од угостителското училиште „ Ванчо Питошески“ од трета година ќе патуваат во Црна Гора и Хрватска, на крај од месец октомври. За овие патувања родителите ќе мора да издвојат од 150 до 300 евра во зависност од изборот на дестинацијата.

{loadposition content9}