Skip to main content

Панихида во чест на жртвите од бродската несреќа

Во катердалната црква св. Софија, се одржа помен за жртвите во бродската несреќа.

 |  Татјана Маленкова  | 
panihida
панихида
Во катердалната црква св. Софија, се одржа помен за жртвите во бродската несреќа.

panihidaНа церемонијата присуствуваа дел од најблиските роднини на загинатите, како и функционери од Македонија и Бугарија.Роднините имаа желба да го видат и местото на несреќата и во водите на езерото се простија од нив каде фрлија цвеќе.

Солзи, црнила и молк кај Елешец, местото каде загинаа Бугарските туристи. На церемонијата по повод 40 дневниот помен од несреќата Здружениот „Охрид 5 ти септември“ и најблиските  роднини на загинатите туристи во водите на езерото положија венец и цвеќа на местото каде нивните најблиски ги изгубија животите. Претходно помен за жртвите од несреќата  се одржа во катедралната црква Св. Софија, каде покрај роднините на загинатите, присуствуваа в.д Амбасадорот во Македонија, бугарскиот конзул, градодоначалникот Александар Петрески, советниците и граѓани на Охрид. Скршени од тага и болка тие сеуште не веруваат дека нивните најблиски веќе не се меѓу живите.

panihidaСветла Николова кој  во бродската несреќа ја изгубила својата мајка низ солзи вели дека сеуште времето не може да ја залечи болката од големата загуба.

„Сеуште неможам да зборувам спокојно. Минаа толку денови и сеуште сите сме многу потресени. Ги пративме на нашто убаво, но не се вратија. Ви благодариме што го организиравте ова сеќавање, овој помен, ова оддолжување кон нашите блиски. Дојдовме да го видиме охридското езеро  за кое многу се зборува во Бугарија, но нас езерото ни донесе само мака“, вели Николова.

Општината Антон, сеуште тажи. Трагедијата е голема. Болката уште поголема. Луѓето неможат сеуште да се освестат од шокот, кој постои и покрај толку поминатото  време, вели секретарот на општината Антон, Цветелина Костова, од каде беа 8 од загинатите туристи.  

„ Градоначалникот на Антон гос. Стојан Гарчев ни кажа да ги помагаме семејствата за се, не само за церемонијата на погребот. Во Бугарија сега на 14 се одржа 40 дневен помен. Болката сеуште постои. Морам да признам дека не изнанади  поканата за оваа панихида. Разбравме и за здружението. Пријатно сме изненадени и од луѓето овде тие се навистина пријатни, добро нстроени кон нас. Некои од блиските откажаа да дојдат на 8 од загинатите, блиските се тука, а другите одбија. Оние коие се тука сакаа да видат каде настанала несреќата. Од снимките и видео матријалите успеавме собереме информации, но сакавме да видиме каде им беа последните денови. Сеуште чекаме резултати од истагата. Штом се случина несреќа, мора да има причини, а блиските сакаат да ја слушнат“, вели Костова.

Најблиските на загинатите од несреќата од вчера се наши гости, вели претседателот на здружението Охрид 5 ти септември, сашо Алчев.
Тој  истакна дека Локалната самоуправа има формирано одбор кој во соработка со централната власт ќе работи на идејното решение за одбележување на трагичниот настан.

„Ќе се разговара дали тоа ќе биде со спомен плоча или споменик, како и за тоа кога и каде ќе биде поставено спомен обележјето“, истакна претседателот на здружението.

{loadposition content9}