Skip to main content

Стартува проектот Топ 10 на Лајонс клубот Охрид

Учениците од сите основни учишта од Охрид и околината, како и од општина Дебрца од оваа година се дел од проектот Топ 10 на Лајонс клубот Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
На одржаниот натпревар по знаење  учествуваа 120 ученици од 4,5,6 ,7 и 8 одделение. Основците беа тестирани на 20 прашања од математика, англиски јазик,македонски јазик и информатика ,вели претседателот на Лајонс клуб Охрид, Ангел  Јанев.
Талентираните и примерните ученици се многу често запоставувани од заедницата  и училиштата потенцира Ангел Јанев, па овој проект има за цел квалитетните ученици да бидат извлечени од анонимност и да бидат соодветно наградени.


Во првиот циклус на одржаното тестирање беа избрани најдобрите Топ 10 ученици. Тоа се Алексоски Бобан од 4 одделено, петодделенецот Ристески Ѓорѓи, Таштаноска Марија од 6 одделение, Алексоска Христина 7 одделение, Бујароска Теодора од 7 одделение. Од осмооделенците како најдобри на тестирањето се покажале Шурбаноска Елеонора, Ристеска Ирина, Илоска Ангела и Бунташеска Бранка.  
Во месец декември ќе следува вториот циклус од проектот Топ 10 од останатите две тестирања што ќе се реализираат во месеците март и мај.