Skip to main content

Незадоволство од Законот за градба

Новите закони за просторно и урбанистичко планирање и законите за градба, наидоа на низа забелешки од страна на релевантните институции. Ниту Зелс, ниту пак локалните самоууправи не се согласуваат со одредени точки од истите. За министерот Јанакиески, пак законите се издржани.

Отворена дискусија со градоначалниците, околу новините во законот за просторно и урбанистичко планирање, се одржа во Охрид. Присуствуваа над 150 претставници, кои во текот на вчерашниот и денешниот ден дискутираа за начините на имплементација, новините во законот се со цел да се олесни животот на граѓаните и да им се намалат административните бариери. Новините во законот ги презентираше Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „Новиот закон опфаќа и новини кои ги превзедовме од извештајот на Светската банка. Зедовме примери од соседните земји во делот на законодавството. Го превземавме и правилото „Молчењето е одобрување“, истакна министерот.

Тој исто така потенцираше дека овој закон ќе важи за новите градби и за легализација на дивоградбите. Се осврна и на целта на ова советување, па посочи дека истото е во насока на појаснување на недореченостите на единиците на локалните самоуправи. Исто така  потенцираше и на  правото граѓаните за донесување иницијативи до уставниот суд. „ Легитимно право е на секој граѓанин на РМ да доставииницијатива до уставниот суд, во кој длабоко верувам“, додаде Јанакиески.
Нашите анализи содржеа многу предизвици и придобивки. Најмногу се осврнавме на можноста на општините да се справат со реализацијата на овие закони, истакнаа претставникот од ЗЕЛС, Душица Перичиќ. Исто така таа изрази длабоко незадоволство од досега прикажаното, од аспект на законите.
„Со реализацијата на овие закони им се овозможува селективен пристап на општините. Сметам дека што побрзо треба да се донесе законот за легализација, па конечно да се надминат проблемите со дивоградбите“, истакна Скендер Полоши, началник од секторот за урбанизам од Тетово.
Во текот на овие два дена претставниците разговараа околу измени на законот за просторно и урбанистичко планирање и законот за градба. По однос на првиот несогласување изрази и Бисера Јанкулоска, началник на секторот за урбанизам од Ѓорче Петров. Таа истакна: „По првиот закон имам сериозна забелешка на локалната урбанистичка планска документација, каде најодговорно тврдам дека онака како што е предвидена во законот не може да биде инструмент за планирање во делот на вонплански парцели и инфраструктури“.
По однос на законот за градба предвидени се одредени новини кои се однесуваат на давање лиценци, скратување на роковите, уредување на фасадите. Истите поминаа без некои поголеми критики, додека законот за конфискација на земјиштето предизвика бурни реакции помеѓу присутните. Исто така тие се осврнаа на лицата со посебни потреби, кои секако имаат право да бараат одредени измени во донесувањето на законите.