Skip to main content

За промена на лична карта се чека во редици со часови

Во просториите на СВР Охрид, каде што се заменуваат старите лични карти со нови се чека во редици.

 |  Валентина Неловска  | 
Стари и  болни луѓе, ученици и вработени  поминуваат  со часови во чекање. Студентите губат драгоцено време бидејќи од местото на студирање мора да дојдат и да отсуствуваат од предавања и вежби.  Дневно има и над 100-тина граѓани кои  чекаат да ја завршат процедурата.

Се губи  дури и цел  ден додека се заврши работата вели нашиот сограѓанин  Никола Стефаноски. Тој, додава  сакам најдобронамерно да им предложам на службите да преземат мерки за да се надмине оваа непријатна состојба и да не се тормозат  граѓаните.
За да не се губи  време апелира полициските служби да воведат работа во смени,  да се работи и за време на викенд.  Предлага замената да се врши со закажување на датум. Инаку,  рокот за замена  на старите лични карти со нови, биометриски,  е најдоцна до  27 февруару 2010 година.