Skip to main content

Дали Охрид и Струга ќе имаат засебни претпријатија на Проаква?

Раздружување на меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква, ќе придонесе кон поефикасна работа на истото, сметат од ВМРО НП.

Согласност за раздружување на меѓуопштинското ЈП Проаква, од владата на Република Македонија, односно од Министерот за финансии Зоран Ставрев,  денеска побараа од партијата ВМРО Народна. Двете организации кои би настанале со поделбата, без никакви технички проблеми би продолжиле со својата работа. „Од истото ниту би трпеле граѓаните, ниту пак вработените, а со тоа единствено ќе им се олесни работата на работните групи кои делуваат на овој терен. Ефектот од ова раздвојување би бил многу поголем како техничко технолошки, така и персонално, односно административно. Имено територијата на овие два града и по површина и по број на население е преголема за ова претпријатие и понатаму ефективно да работи. Работните групи не можат да постигнат да опслужат вака голема територија“,
вели Ванчо Костоски,претседателот на оваа партија.

Исто така беше побарано од владата на Република Македонија колекторскиот систем за заштита на охридското езеро, кое потпаѓа под ингеренции на ова меѓуопштинско јавно претпријатие, да стане државно јавно претпријатие. „Тоа е поради фактот што најголемиот дел од долговите на ЈП Проаква по однос на неплатени долгови кон ЕВН, се од работата на колекторскиот систем. Граѓаните од Охрид и Струга во своите сметки плаќаат за работа на колекторскиот систем, меѓутоа тоа не е доволно“, велат тие.
Со ова раздружување се предвидува седиштето на фирмата да биде во Охрид. Со новите закони кои се донесени најголем број на даноците по основ на додадена вредност, персоналниот данок и други даноци кои се вбројуваат во работата на ова меѓуопштинско претпријатие наместо да остануваат во Охрид, одат во Струга, а тоа според нас не треба да биде така, посочуваат од Народна. „Најголеми изведби и зафти се во Охрид, така што фактурите кои пристигнуваат некаде на милион евра годишно, сите даноци пак одат во струга така да Охрид многу губи во оваа насока. По нашите сознанија над 75% од наплатата е во Охрид, додека во Струга таа е под 30%. Мислима дека со ова раздвојување сите пари ќе остануваат во Охрид, а двете фирми ќе работат поефикасно“, појаснуваат од ВМРО НП.    
Имено пред околу три години советничката група на оваа партија даде иницијатива по однос на ова прашање, и истата беше изгласана на совет. Сега веќе сметаме дека е крајно време оваа идеја и да се реализира, велат од таму.