Skip to main content

Охрид домаќин на информатичка конференција

Конкурентноста, како и привлекувањето на странски инвестиции во полето на информатичката и комуникациската технологија, тема на денешната конференција која се одржа во Охрид.

лого
logo
Конкурентноста, како и привлекувањето на странски инвестиции во полето на информатичката и комуникациската технологија, тема на денешната конференција која се одржа во Охрид.

konferencijаСедма конференција која ја организира Масит комората  на информатичката индустријата во Македонија, насловена како „Масит опен дејс“. Денешниот ден беше посветен  генерално на развојот на електронските комуникации. Потребите за кадар во полето на информатичката технологија е тренд како во светот, така и кај нас. „Македонија ги следи тековите согласно чекорите кои се превземат во општите текови во економијата, меѓутоа сепак сметаме дека сеуште треба многу да се работи на полето на конкурентноста како и на полето на привлекување на странски инвестиции. Потребите за кадар во АСТ индустријата не се присутни само во Македонија, туку тоа е општо светски тренд, вели Драган Чепујноски, претседател на комитетот за елктронски телекомуникации.

Вицепремиерот во сверата на економија во владата на РМ по прв пат присутен на ваков настан во својство на политичар. „Оваа пригода ја искористив со намера  некои свои согледувања од позиција на вицепремиер  да ги упатам до регионалните и македонските компании. Масит е најголемата и единствена компанија од ваков вид која може да ја поттикне реверзибилноста на компаниите и препораките кои ги даваат се надевам дека ќе бидат прифатени и дека денешната средба ќе ни овозможи да почнеме да извезуваме производи со високо додадена вредност, бидејќи со тоа се зголемува и конкурентноста и животниот стандард, Упатив порака за регионално поврзување, било која компанија која сака да биде успешна и да расте мора да биде не само во рамките на државата туку и вон нејзините граници и во таа насока голем број на АТ проекти кои што се финансирани од владата треба да бидат подлога за создавање на партнерстав апомеѓу макдонските и странските компании кои ќе бидат искористени не само за проекти во Македонија туку и вон неа“,
посочи вицепремиерот Пешевски.

УСАИД веќе долго време соработува со коморарта Масит, со намера да и помогне да ги артикулираат потребите на АТ фирмите во Македонија. „Неодамна е спроведена втората по ред анализа за потребите на работна сила во оваа индустрија. Моментално академските институции во нашата земја ова не го вградуваат во кадрите, фокусот е исклучиво на техничките вештини кои се на незадоволително ниво, Резултатите кои произлегуваат од анкетирањето е дека кадрите кои се потребни мора да имаат повеќе видови на експертиза. Освен техничките познавања на информатичката и комуникациската технологија кадрите мора да имаат и бизнис вештини“,
вели Татјана Марковска од Американската канцеларија за меѓународен економски развој.  

На конференцијата учествуваа претставници од Владата на РМ, агенцијата за електронски комункации и од информатичката и телекомуникациската сфера кај нас. Целта на средбата се состоше во намерата да се прошири соработката на полето на информатичката и комуникациската технологија, да се разменат искуства во поглед на знаењата на идниот развој на технологиите, посочија организаторите.

{loadposition content9}