Skip to main content

И нашиот туризам во криза

Светската економска криза во голема мера се рефлектираше врз туризмот во Македонија, велат од стопанската комора за туризам на Македонија.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Светската економска криза во голема мера се рефлектираше врз туризмот во Македонија, велат од стопанската комора за туризам на Македонија.

Stopanska komoraОд таму со надеж гледаат на сезонава која претстои но и на напорите на владата за зајакнување на оваа стопанска гранка. „Субвенционирањето во туризмот ќе започне на 1-ви јануари и тоа ќе биде една голема инјекција за македонскиот туризам“, сметаат од комората.

Светската економска криза си го направи своето. Годинава во голема мера како насекаде во свето се рефлектираше и кај нас. Угостителските капацитети го забележаа најмалиот промет во изминативе години, вели потпрестседателот на стопанската комора за туризам на Македонија, Панче Трајкоски. Сепак тој со многу надеж гледа на туристичката сезона која ни претстои.
Трајкоски  ги побива тврдењата на песимистите кои велат дека безвижниот режим нема да донесе подобрување во туризмот кај нас. Според него олеснетиот начин за патување ќе го зголеми прометот на туристите од странство. Оптимизмот се  темели врз најавите на државата за субвенционирање на туроператорите кои ќе носат странски гости во Македонија, како и за  промоција на домашниот туризам.
„За една земја да привлече туристи мора да има природни убавини, љубезни домаќини, но треба и доста да вложи во образување на туристичкиот кадар и унапредување на капацитетите . Најважно е да се прати она што го бара пазарот и тие промени да се направат, вели  Антеа Глумец Барбар, од Хрватска.

Инаку на ворото годишно собрание на Стопанската комора за туризам кое се одржа во Струга главните теми на кои се дискутираше беа начините за поинтензивна промоција на туристичката понуда на Македонија, како и насоките за развој на туризмот како заначајна стопанска гранка.

{loadposition content9}