Skip to main content

Пеколна приказна

Подобро добар развод отколку пеколен брак. Ова се зборовите на жртва на семејно насилство која година и пол живеела во пекол.

nasilstvo
насилство

Подобро добар развод отколку пеколен брак. Ова се зборовите на жртва на семејно насилство која година и пол живеела во пекол.

nasilstvoПотресна приказна на жена, жртва на семејно насилство. Во период кога светот ги одбележува деновите на борба против семејното насилство ова е уште еден пример колку далеку можат да одат семејните несогласувања.  Судбината на 30 годишната охриѓанка која сакаше да остане анонимна, покажува колку животот може да биде брутален.
„Мојот проблем датира од 2004 год“, раскажува нашата соговорничка. “Со мојот сега веќе бивши сопруг се зедовме од љубов. Се беше во ред додека на свет не дојде нашето второ дете. Тогаш нешто во него се скрши и повеќе не беше иститот. Јас добив поспородилна депресија и постојано бев по болници. Немав поддршка ниту од него, ниту од неговите родители. За работите да станат уште полоши тој почна физички да ме малтретира. Не му беше важно дали некој е присутен, дали тоа го гледаат децата. Кога прв пат ме претпа толку многу по што завршив на хирургија, решив да заминам и да му ги оставам децата. Таа моја агонија траеше шест месеци. Не ми дозволуваа ниту да си ги видам децата. Трпев и не знаев дали да го пријавам некаде или пак да се вратам кај него. Како мајка и добра и послушна сопруга сметав дека сепак ќе успеам да го сменам и се вратив кај него. Некое време можам да речам дека беше некако и издржливо меѓутоа тоа траеше кратко. Ми префрлуваше на сметка на мојата здравствена состојба. Почна повторно брутално да ме тепа. Постојано бев на штрек дека секој момент ќе се појави од некаде и повторно ќе ме малтретира. Причина за сето тоа никогаш немаше, едноставно ќе дојдеше и ќе ме нападнеше. Не си штетев само себеси. Го изгубив здравјето, а децата постојано беа во несоодветна семејна средина. Пеколот продолжи и понатаму“,
раскажува жртвата.

„Мислам дека на 1ви мај 2005 год нешто навистина се скрши во мене. Дојде околу полноќ, јас веќе спиев.
Толку многу ме претепа, што и ден денес не сум  свесна како го издржав сето тоа, Ме тепаше повеќе од три часа. Пиштев за да побарам помош, но тој ми ја затвори и устата за да не викам. Едноставно и не знам колку траеше сето тоа бид се онесвестив. Наредното утро кога се разбудив, незнаев што да правам со себе си. Ме погледна, вели чекај да видам што ти направив. Ова не е ништо за тебе, рече насилникот, следниот пат ќе те носат на носилка. Кога станаа децата поголемото ми вели: зошто си мамо ваква?
Што да му одговорам? Мислев дека е најдобро да ги однесам кај баба им за да не ме гледаат таква. Седнав на креветот и мислев што да си направам. Во еден момент сакав и да се самоубијам за да ставам крај на тој пекол. Меѓутоа љубовта кон моите деца ме спречи во тоа.  Решив да заминам од таа куќа. Се јавив кај моите родители кои ме зедоа. Тие ме однесоа на хируршкото одделение, каде повторно се погоди да биде лекрот кој веќе неколку пати интервенираше кога бев претепана. Овојпат тој се вчудоневиди што ми направил. Ме запраша: добро бе жено колку животи имаш ти? Ме прегледа и ми рече дака овој пат сум имала навистина голема среќа, бид само еден удар недостигал за да завршам трагично. По тој разговор со него јас решив повеќе никогаш да не се вратам кај сопругот- насилник. Ја зедов ќерка ми со мене, а мојот син остана кај него. Се молев и тропав на сите врати, меѓутоа никако не можев да го добијам и син ми. Се се сведуваше на ветувања дека набргу ќе биде со мене, но тоа не беше така. Немав средства за случајот да го пријавам на суд. Таа моја голгота траеше три год. Можам да речам за среќа моја се појави друга жена во неговиот живот, и поддаде документи за развод. Сега кога веќе минав низ сето тоа сакам само да упатам апел до сите жени кои ја преживуваат мојата драма, а тоа би звучело вака:
Апел до сите жени кои ја преживуваат мојата приказна. Да не молчат, да се обратат до женската невладина организација Бисера, или до било кого само да го искажат она што им се случува. Да не се надеваат дека оној кој еднаш кренал рака некогаш ќе се смени. Не тоа нема да се случи. Работите само можат да завршат трагично. Борете се да се оттргнете од насилникот. Подобро е секогаш да имате добар развод отколку пеколен брак“.
Секаков дополнителен коментар на ова би бил излишен.

{loadposition content9}