Skip to main content

Наградени младите фудбалери

Големиот успех на младите фудбалски надежи кои се натпреваруват во детската фудбалска лига.

priem
прием

Големиот успех на младите фудбалски надежи кои се натпреваруват во детската фудбалска лига, денеска награден од страна на локалната од Охрид.

priemМладите фудбалери презадоволни од подароците.

Членовите на фудбалските екипи „Еврофудбал 2000“ и „Еврофудбал 2001“, денеска добија поддршка од Градоначалникот Петрески. Нивниот голем успех, со кој се натпрваруваат во Детската фудбалска лига на Македонија, беа причина за овој убав гест на локалната. Оваа лига во која се натпреваруваат децата, ја сочинуваат 106 екипи. Средствата кои се собираат од чланарината се донираат во добротворни цели. Имено овјпат нивната намена е за да се помогне на Домот за деца без родители. Охридските фудбалски надежи своите успешни настапи ги темелат на големата љубов кон овој спорт. Разбирањето и поддршката од нивните родители не изостана и денес. Тие гордо стоеја зад своите успешни наследници. Младите спортисти, фудбалери, за својот покажан успех, денеска како награда од локалната добија спортска опрема. Истата се состои од дрес, шерцеви и пар тренерки, на кои за спомен се разбира е отпечатено логото на Општина Охрид.

„Се надеваме дека оваа награда ќе им претставува поттик, нивните успеси во иднина да бидат уште поголеми. Исто така сметам дека најважната споредна работа на светот – фудбалот, на овие деца ќе им овозможи да израснат во достојни членови на нашето општество“, истакна Петрески во своето обраќање кон членовите на Детската фудбалска лига.

{loadposition content9}