Skip to main content

Навреди и препукувања

Паноски бара извинување и објаснување од Петрески.

 |  Николска Биљана  | 
Alesksandar Petreski
Александар Петрески
Паноски бара извинување и објаснување од Петрески.

Пештанци засегнати од колекторскиот систем, фрлаат со дрвја и камења по локалната. Петрески вообичаено има одговор за се.

Емисијата „Отворен контакт“, која се емитуваше на ТВМ на 21 овиј месец отвори многу прашања. Во неа гостуваше градоначалникот Александар Петрески, кој одговораше на низа прашања поврзани со актуелните случувања во нашата општина. Неговите одговори предизвикаа низа коментари. Реагираше Дејан Паноски советникот на ВМРО-ДПМНЕ. Паноски рече дека најновите изјави на Петрески се одраз на морален пад на човек. Тој најмногу е засегнат од навредите кои се упатени до него, а по природа се од личен аспект.

Петрески стои на ставот дека Паноски најмалку се докажал како експерт. Тој додава дека Паноски е далеку од експерт и неговите медиумски експонирања, без конкретни заложби за Охрид, единствено се од политичка природа.

Во нашата редакција пристигна меил во кој мештаните реагираат на изјавата на градоначалникот во врска со колекторот во Пештани. Тие од нас побараа со внимание да ја погледнеме уште еднаш неговата изјава во која стои дека колекторскиот систем во Пештани функционира. Петрески даде одговор и на тоа.

После овие серии на обвинувања, не е исклучена можноста, некои од нив да завршат во рацете на правдата.

{loadposition content9}