Skip to main content

Израелскиот Амбасадор го посета на Охрид

Давид Кохен, Амбасадорот на Израел во неколкудневна работна посета на Охрид.

zname
знаме
Давид Кохен, Амбасадорот на Израел во неколкудневна работна посета на Охрид. Тој изрази искрена подготвеност голем дел од нивното искуство да го сподели со нас.

David KohenНерезиденцијалниот амбасадор на Израел, Давид Кохен во неколкудневна работна посета на Охрид. Досегашните активности на релација Охрид – Израел тема на денешната средба. Пред одреден период Петрески беше во посета на Ерусалим, каде што оствари средба со тамошниот градоначалник. Исто така беа остварени средби со безнисмени, кои се подготвени да инвестираат во Охрид пред се во изградба на хотели и големи трговски центри. „Неколку год наназад во Охрид пристигнуваат чартер летови со гости од Израел. Сметаме дека оваа соработка помеѓу Македонија и Израел ќе придонесе во голема мера да се продлабочи соработката помеѓу нас. Секако дека ќе се развива и туризмот, а воедно се надеваме дека и инвестициите кои треба да следуваат. Оценивме двајцата дека дека имаме многу добра соработка, меѓутоа со оглед на извонредните услови и во двете земји можеме многу повеќе да направиме во иднина“, истакна Петрески при денешната средба.

Израелскиот амбасадор истакна дека желбата за соработка од нивна страна е навистина голема. Најпрвин понуди сегменти за развој на економијата, а потоа истакна дека Израел ја поддржува Македонија во намерата да се отвори кон Европската унија. „Потоа нашите бизнисмени и компании ќе започнат да соработуваат со вашата земја. Јас воопшто не се сомневам дека многумина од нив отворено би инвестирале кај вас, Ние отворено ќе застанеме зад вас и ќе направиме напор за развој на вашата економија. Израелските граѓани се многу добри туристи, и сметам дека во наредниот период току Охрид ќе биде нивниот избор. Како што знаеме чартер летовите пред половина година започнаа да летаат на релација Охрид – Израел, меѓутоа моето мислење е дека треба да овозможиме и летови барем еднаш неделно, а потоа таа бројка и ќе се зголемува“, истакна во своето обраќање амбасадорот Кохен.

„Јас многу често разговарам со македонскиот амбасадор во Израел, и можам да кажам дека навистина се заложува за креирање на туризмот кај вас. Му советувам на нашиот амбасадор овде, дека мора да се работи на развојот на туризмот кај вас. Ќе ви кажам дека во овој момент единствено една компанија или туристичка агенција работи со летови кон Охрид. Ние ќе направиме напор повеќе агенции од Израел да го зголемат бројот на летови кон Охрид. Вашиот град има навистина многу што да покаже. Вашето езеро, црквите, планините, шуми можат да маѓепсаат секого, да направат секој да се чувствува добро. Потенцијалот на вашиот град е голем и навистина треба тоа да го искористите. Му посочив на градоначалникот дека туроператорите кај вас мора да се потрудат да направат интересни понуди, со кои ќе ги заинтригираат нашите туристички работници. Така ќе направат атмосфера за контакти со туроператорите од наша страна. Само на тој начин ќе поттикнеме размена на туристи, а тоа оди во полза и за нас и за вас“, додава амбасадорот Кохен.

Израелскиот амбасадор му посочи на Петрески дека многу еврејски бизнисмени кои работат ширум Европа, Америка и Чиле, а чии родители потекнуваат токму од Охрид и Битола, би требало да дојдат, да ги посетат овие краеви и потоа да оценат во што би инвестирале.
Исто така тој напомена дека историја на двете земји е многу блиска, а тоа претставува уште една причина повеќе, соработката помеѓу нив да оди во нагорна линија.

{loadposition content9}