Skip to main content

Ќе стартува долго најавуваната субвенција на авио превозот

Повеќе странски гости на охридската ривиера во престојната туристичка сезона е заложбата на локалната самоуправа.

 |  Валентина Нелоска  | 
turisti
туристи

Повеќе странски гости на охридската ривиера во престојната туристичка сезона е заложбата на локалната самоуправа.

turistiГрадоначалникот Александар Петрески во таа насока, деновиве, оствари средба со преставници од Хрватската „Croacija air lines“ за воспоставување директна авио линија на релација Охрид-Загреб, два пати во неделата. Локалната самоуправа би го субвенцинирала овој авио лет појаснува Петрески. Градоначалникот очекува кон нивната иницијатива за повеќе госѕи и заживување на охридскиот аеродром да се приклучат општина Струга и државата.

Стрезоски, исто така  информира дека од јануари 2010 се очекува да стартува и долго  најававуваната  субвенција на надворешниот туристички промет во земјава. Се чека само потписот на министерот за економија Фатмир Бесими. Што се однесува до авио превезот субвенцијата ќе биде на донесен патник, било од чартер или редовен превоз. Групата мора да има минимум 10 туристи кои треба да остварат 3 ноќевања со појадок во хотел или приватно  категоризирано сместување, ги појаснува Стрезоски критериумите кои треба да се исполнат при тоа.   
За субвенционирање на авиопревозот во 2010 година во владиниот Буџет се издвоени 25 милиони денари. Очекувањата би биле домашните туристички агенции да бидат насочени кон носење на повеќе странски гости во земјава. Исто така и странските тур опертаори би биле заинтерсирани да го анимираат нивниот пазар за туристичките дестинации во земјава.

{loadposition content9}