Skip to main content

Потрошувачката кошничка, се помала, a се поскапа

Неколку начини на кои граѓаните би можеле да заштедат, посочуваат од Организацијата на потрошувачи на Македонија.

potrosuvaci
потрошувачи
Неколку начини на кои граѓаните би можеле да заштедат, посочуваат од Организацијата на потрошувачи на Македонија.

restoranСе поголемата потрошувачка на граѓаните денес претставува глобален проблем. Потрошувачкото општество е базирано на понуда на мошне голем асортиман на различни производи и услуги, високо професионален маркетинг, насочен кон потрошувачите. Ова создава амбиент на потрошувачка еуфорија надвор од реалните потреби и можности на населението. Сето тоа, во период на економска криза прави дополнително оптеретување на и онака кревкиот буџет на населението. Малите примања, високиот стандард на живеење, многучлените семејства, се само дел од проблемите со кои граѓаните се соочуваат секојдневно.

Тања Тасевска од ОПМ посочува на неизбежниот факт, дека во период на рецесија најголем дел од средствата одат за најосновните потреби, како што се прехранбени производи, тековни трошоци и по нешто текстил. „Најмногу се штеди на работите кои се сметаат за луксуз во семејниот буџет. Како би можеле да заштедат, граѓаните најпрвин ги подмируваат сметките во делот на јавните услуги“, вели Тасевска.
„Дополнителните заштеди се прават во рамки на буџетот. Секако знаеме дека следува период на предновогодишна еуфорија, кога секој од нас троши повеќе од потребното, меѓутоа и тоа секако ќе се консолидира во рамки на домашниот есап“, вели Тасевска.
„Реакциите и полаките од потрошувачите, упатени до нас се однесуваат на повеќе сегменти“, велат од ОПМ. „Во периодот кој следи секако најмногу забелешки очекуваме на прехранбените производи. При купување на останати производи поплаките се однесуваат на скриен недостаток, кој потрошувачите на успеале да го видат. Во делот на технички производи граѓаните треба да обрнат внимание на квалитетот. Исто така, при користењето на услугите на одредени туристички агенции, од ОПМ сметаат дека најмногу поплаки ќе има поради нереализираните очекувања“.

{loadposition content9}