Skip to main content

Не се прави плажа секаде

Од Хидробиолошкиот завод, јавно проговорија за узурпацијата на крајбрежјето во Охридскострушкиот регион.

 |  Татјана Маленкова  | 
Lence Lokoska
Ленче Локоска

Од Хидробиолошкиот завод, јавно проговорија за узурпацијата на крајбрежјето во Охридскострушкиот регион.

Lence Lokoska„Апелираме до надлежните институции, онаму каде нема природни услови за плажи, да не се прават“, вели Ленче Локоска доктор по биолошки науки.   

Тајни средби помеѓу претставници од министрството за транспот и врски, хидробилошкиот завод и локалната самоуправа од Струга. Тема на дискусија издавањето под закуп на плажи во струшкиот регион. По најавите дека годинава треба и струшките плажи да се издадат под концесија, Министретвото за транспорт и врски побарало мислење од хидробилошкиот завод ,кој потег смее, а кој не, да се изгради и прерасне во атрактивна плажа. Ленче Локоска доктор по биолошки науки од хидробилошкиот институт и изготвувач на извештајот вели дека во него јасно е прецизиран ставот на заводот по однос на ова прашање.
„Онаму каде што нема природни услови за плажа, воопшто тој простор да не се издава под концесија“, вели Локоска.

Таа додава дека доколку не се почитуваат препораките на хидробилошкиот завод, тогаш може да се поремети литоралниот појас од езерото кој што е богат со ендемични видови на растителен и животински свет. Локоска за ТВМ ги кажува и местата кои ги навела во извештајот како потег кој никако не смее да прерасне во плажи.
„Посебно деловите кај калишта и Радожда, несмеат да се дадат под концесија“, вели Локоска.

Ние нашето мислење јасно им го прецизиравме на институциите. Онаму каде што има услови за давање на плажи и каде што се додава песок, апалираме тоа да биде автохтона и истата да не се дотура во непосредна близина на водениот слој. Затоа што постои опасност езерто да ја повлече со брановите. Таа потенцира дека годинава министрвото за прв пат се обратило до единствената научна институција релевантна за заштита на езерото, ходробилошкиот институт, барајки мислење за плажите. За разлика од Стушкиот дел за кој им доставивме стручно мислење, за Охрид никој не не консултираше, вели Локоска. Сепак  Се надеваме  дека релевантното министерство ќе го почитува нашето мислење и дека постојано ќе имаме соработка, вели Локоска.

{loadposition content9}