Skip to main content

Сериозна опасност

Над Куќата на Робевци напукната карпа преставува сериозна опасност.

 |  Валентина Нелоска  | 
Tanja Paskali Buntasheska
Тања Паскали Бунташеска

На карпата, надвисната над дворното место на Куќата на Робевци се констатирани нови напукнувања, и  преставува сериозна закана за околните објекти. За елиминирање на опасноста, директорот на Завод  и Музеј, Тања Паскали Бунташеска вели  сериозно му пристапиле на проблемот и поднеле проект до ресорното министерство.  

карпа„Тие напукнувања се резултат на септичките јами кои сеуште се присутни во овој дел од градот, но и од градежните активности кои ги изведуваат сопствениците на куќите а при тоа не мислат за последиците, потенцира Паскали Бунташеска“.

По стручните консултации што ги извршил Завод и музеј со рударски инженер и статичар  карпата ќе биде срушена. Веќе се одобрени 3 и пол милиони денари за отстранување на карпата и тоа ќе се случи за многу скоро време. Во стариот дел од градот  ова е единствениот алармантен случај смируваат од Заводот. На почетокот од идната година ќе се санира и карпата над која се наоѓа Долни Сарај, а која е во лоша состојба.

Покрај овие два зафати од Завод и Музеј имаат во план да реализираат и повеќе тековни проекти. Ќе се санираат управната зграда и  дворното место на Завод, како и ентериерот во Куќата на Робевци. За следната година е предвидена и конзервација на фрескоживопиост на црквите Си Свети во Лешани,Св Никола во Косел, Константин и Елена, и Богородица Захумска. Продолжуваат и археолошките истражувања на Плаошник и Самоиловата тврдина, а ќе се  конзервира и ѕидот на Долна Порта.

{loadposition content9}