Skip to main content

Охриѓани пијат вода, а не плаќаат

Голем број граѓани и должат на МЈП „Проаква“. Ова претпријатие само годинава има побарување за наплата од милион евра.

 |  Николоска Биљана  | 
logo
лого

Голем број граѓани и должат на МЈП „Проаква“. Ова претпријатие само годинава има побарување за наплата од милион евра.

vodovodОхриѓани пијат вода на вересија. Четири милиони евра изнесува долгот на Охриѓани кон МЈП Проаква. Оваа сума не е за потценување велат од Јавното претпријатие. Ако се знае дека наплатата на корисниците е реална потреба за да функционира претпријатието, тогаш нормално е да се има побарување за наплата вели првиот човек на Проаква Бранислав Трпчевски. Тој додава дека претпријатието бележи зголемување на приливите по однос на процент од фактурираното.

Трпчевски бара максимална коректност и обострана одговорност на двете страни, и на Проаква, но и на корисниците на услугите. Вели, дека не е добро да трпат оние граѓани кои  редовно ги подмируваат сметките кон ова претпријатие па да испадне онаа народната покрај сувото гори и суровото.

Долгот на охриѓани само за годинава заклучно со 31 октомври изнесува 46 милиони денари од физички лица, 20 од правни лица. Додека пак долгот на предмети кои се во судска постапка е 116 милиони денари од физички лица  и околу 60 милиони денари      од правни лица. Трпчевски рече дека претпријатието егзистира исклучиво од наплата и покрај ваквата состојба охриѓани пијат најефтина вода.

{loadposition content9}