Skip to main content

Петрески додели признанија

Градоначалникот Петрески оствари прием со тројца сограѓани.

 |  Валентина Нелоска  | 
Mishko Taneski
Мишко Танески

Градоначалникот Петрески оствари прием со тројца сограѓани.

При тоа додели   компјутер  обезбеден од средствата од хуманитарниот концерт на Симон Трпчески. Врачи  и две признанија за промоција на Охрид.

Aleksandar PetreskiКако што беше и ветено Даниел Нунески доби подарок  компјутерска конфигурација која ги задоволува потребите на еден просечен корисник. Компјутерот е набавен со дел од средствата од хуманитарниот концерт на Симон Трпчески. Нунески упати благодарност до градоначалникот, но и до нашиот најпознат пијанист.

Петрески врачи и две признанија и награди за промотрите на Охрид. Тоа се велешанецот Христијан Петрушески ученик во угостителското училиште Ванчо Питошески за освоена сребрена медалја во Дубровник, и на алпинистот  Мишко Танески за освоениот врв  Ајланд Пик на Хималаите. Петрушески, во висока конкуренција на ученици од угоститеслите училишта од Европа , освои сребрена медалја за фламбирање и на тој начин го промовира Охрид. Градоначалникот  задоволен од успехот вети дека локалната самоуправа ќе ги подобри условите за работа во кабинетите за што подобри успеси во иднина. Таткото на градот му честита и на Мишко Танески за големиот успех и развиореното знаме на локалната самоуправа на покривот на светот.  

Танески доби ветување  од градоначалникот дека ќе биде помогнат и неговиот престоен подвиг да ги освои Андите, поточно врвот Аконкагва на височина од 6965 м надморска височина. Танески заминува на 27 јануари идната година за Јужна Америка, а планира   знамињата на Македонија и на локалната самоуправа  да ги  развиори  на 13 февруари 2010 година.

{loadposition content9}