Skip to main content

Црвениот крст од Охрид го одбележа денот за борба против Сидата

Црвениот Крст од Охрид спроведува низа активности, со цел младата популација што повеќе да биде едуцирана за здрава и сигурна сексуалност под мотото „Сигурно ли знаете да водите љубов“.

 |  Николоска Биљана  | 
logo
лого

Црвениот Крст од Охрид спроведува низа активности, со цел младата популација што повеќе да биде едуцирана за здрава и сигурна сексуалност под мотото „Сигурно ли знаете да водите љубов“.

predavanjeОхрид го одбележува 1 ви декември Светскиот ден на борба против сидата. Денес активистите на „Црвениот Крст“ од Охрид одржаа четири предавања во 7и 8 мо одделение во ОУ Св Климент Охридски, за тоа колку  оваа популација има познавање за хив – сидата. Учениците внимателно слушаа и учествуваа во разговорот со Др Младен Божиноски едукатор за оваа инфекција.

„Од денес се ставаат и црвените панделки во знак на превенција, што е и главна цел младите да слушнат за здрава и сигурна сексуалност“, вели Божиноски.

„Она што едукативно години наназад се зборуваше за сидата има свој бенефит“, вели Божиноски. Тој додава дека младите денес, се потрезно размислуваат на оваа тема и веќе се надминати главните спреги за идентификација на оваа инфекција.

Нашата земја во споредба со земјите од светски рамки има мал број заболени од ХИВ/СИДА. Откако во 1987 год е откриена болеста има вкупно 119 заболени лица, од кои 94 се носители на СИДА, а 25 се ХИВ позитивни. Починати се 62 лица. Сеуште третманот на овие лица во нашата земја не е за пофалба, бидејќи стравот од нивна дискриминација во општеството предизвикува повлекување на овие лица сами во себе а самото тоа придонесува брзо ширење на инфекцијата меѓу населението. ХИВ е вирус кој го напаѓа и уништува имунолошкиот систем на телото. Како последица на тоа организмот не е способен да се справи со разните болести и инфекции кои го напаѓаат. СИДА е последниот стадиум на ХИВ, во кој имунитетот е сведен на минимун, и тоа доведува до  смрт. ХИВ инфекцијата  со сигурност може да се докаже единствено преку правење на специјален ХИВ тест.


{loadposition content9}