Skip to main content

Прва фаза на проектот „ Дримски дијалог“

На 1ви декмври во Црна Гора се формира главната група за спроведување на проектот за Дримскиот Басен и неговата прва фаза, „Дримски дијалог“.

Dejan Panoski
Дејан Паноски

На 1ви декмври во Црна Гора се формира главната група за спроведување на проектот за Дримскиот Басен и неговата прва фаза, „Дримски дијалог“.

Од вчера и званично започна имплементацијата на првата фаза на проектот за управување со басенот на реката Дрим, наречен „Дримски дијалог“. Во Црна Гора се формира главната група за спроведување на проектот за Дримскиот басен. „Ова претставува успешен политички и еколошки момент за заштита на басенот, а воедно и за сите три езера кои потпаѓаат под него Охридското, Преспанското и Скадарското“, вели Паноски. Оваа иницијатива траеше речиси три год. „По долгогодишна работа, лобирање и пишување, успеавме да дојдеме до ваков момент“, вели тој. Првата фаза наречена Дримски дијалог ќе трае 18 месеци, во рамки на која ќе се направи трансгранична дијагностичка анализа на сливот и ќе се знае што од еколошки, енергетски и хидро аспект се наоѓа во сливот. Потоа ќе следат консултации со експерти и научници, претставници од други институции на национално и прекугранично ниво и по 18 месеци сето ќе заврши со еден документ наречен „Заедничка визија. „Тоа ќе биде политичка платформа која ќе влезе во нов проект кој ќе биде поддржан од Глобален еколошки фонд, а она што ќе биде утврдено како како потреба за инвестициски мерки во подрачјето на Дрим, ќе биде реализирано“, додава Паноски.
„Она што се главните критички прашања на овој басен се хидропотенцијалот и користењето на водите и енергетските потреби кои произлегуваат од басенот. Втората главна точка е продолжување на активноста околу заштита на Охридското, Преспанското и Скадарското Езеро, како мрежа на езера кои влегуваат во овој проект“, вели тој.


Првата фаза на Дримскиот дијалог е финансирана од Шведска агенција за развој, а додека за вториот дел се започнати преговори со претставници на Глобален еколошки фонд, кој најверојатно проектот ќе го вклучи во својот буџет.

{loadposition content9}