Skip to main content

Светскиот ден на лица со интелектуална попреченост одбележан и во Охрид

На Скромна прослава во центарот за лица со интелектуална попреченост Порака, на најзаслужните за новите простории на Порака им беа врачени благодарници. Во охридскиот дневен центар згрижение се 15 деца.

 |  Татјана Маленкова  | 
igracki
играчки
На Скромна прослава во центарот за лица со интелектуална попреченост Порака, на најзаслужните за новите простории на Порака им беа врачени благодарници. Во охридскиот дневен центар згрижение се 15 деца.

deca3 декември светски ден на лица со интелектуална попреченост. Овој празник одбележан и во Охрид. Дневниот центар Порака скромната прослава годинава ја одржа во своите нови простории. Задоволни што конечно имаат свое катче, на најзаслужните за тоа им врачија благодарници. „Покрај на Локалната самоуправа, огромна благодарнот упатуваме и до МЈП Проаква Работна единица Охрид, Лајонс клуб Десарети, АСП и црвениот крст“, вели   Претседателот на здружението на родители Орхидеја Топенчарова.

„Сега имаме се што ни е потребно. Новиве простории кои во функција беа пуштени во месец март, со сигурнст ќе ги задоволат  потребите на градов во наредниве десетина, дваесет години“, вели дефектологот Зоран Костадиновски.

Наша основна цел е корисниците да ги оспособиме за самостојно живеење.  Се трудиме тие што помалку да им бидат  товар на семејството. Можам да се пофалам дека во голема мера и успеавме во нашата намера, нашите штитеници веќе можат сами да си подготват појадок, да исчистат и да ја задоволат потребата за личната хигиена, вели Костадиновски.  

Инаку дневниот центар Порака го посетуваат 15 деца од Охрид, која бројка не кореспондира со Статистичките податоци на Светската здрвствана организација и обединетите нации. Ако се погледна според овие податоци по правило би требало да има 400 лица бидејки ако пресметаме според пропишаното  1 до 2 посто отпаѓа на лицата со интелектуална попреченост.

{loadposition content9}