Skip to main content

Притворени разбојници

Разоткриени последните разбојништва на охридско-струшкиот регион.

 |  Николоска Биљана  | 
oruzje
оружје

Разоткриени последните разбојништва на охридско-струшкиотрегион. Утрово лишен од слобода Жан Маноски, осомничен за разбојништвото на бензиската пумпа „Макпетрол“ и Арген Каба, кој неодамна пукаше со огнено оружје во струшкиот кафе бар „Туламур“.

Стефан ДимоскиРазбојници завршија во притвор. Автоматска пушка, 30 куршуми, импровизирана фантомка и други предмети пронајдени се при претрес во домот на Жан Маноски. Тој утрово е приведен од страна на СВР Охрид поради основано сомнение дека е можен сторител на Кривично дело „Разбојништво“. Портпаролот Стефан Димовски изјави дека акцијата успешно е спроведена од страна на службите на СВР Охрид. Димоски рече:
„ Овој претрес е извршен поради постоење на основано сомнение дека ова лице е можен сторител на Кривично дело „Разбојништво“ извршен на 17 минатиот месец во бензиската станица на „Макпетрол“ на ул. „15 ти Корпус“. Кривичното дело е извршено во 03 часот и 45 минути кога маскирано лице со автоматска пушка влегло во бензиската станица и од вработениот, од неговата службена торба, одзел 14.820,00 денари дневен промет“.
Утрово, во притвор заврши и Арген Каба од Велешта, кој на 28-ми минатиот месец во струшкиот кафе-бар „Туламур“ го нарушил јавниот ред и мир. Каба, со огнено оружје кое лично го поседувал, неовластено пукал во објектот за што бил и кривично гонет.
СВР Охрид и понатаму превзема интензивни мерки за откривање на сторители на кривични дела. Заклучокот на Димоски е дека според досега стореното од страна на на службите на СВР, акциите позитивно резултираат.


{loadposition content9}