Skip to main content

„Антивари мусика“ во чест Охрид

Културните мостови за соработка помеѓу Охрид и Црна Гора ќе се продлабочуваат со хорски настап пред охридската публика.

logo
лого

Културните мостови за соработка помеѓу Охрид и Црна Гора ќе се продлабочуваат со хорски настап пред охридската публика.

Dragana BocevskaЌе се прошируваат културните мостови за соработка помеѓу Охрид и Црна Гора. Имено, во рамки на програмата за одбележување на патронот на Охрид „Св.Климент Охридски“, на 7ми декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ гостува женски камерен хор „Антивари мусика“ од Бар,  Црна Гора. Тие ќе се претстават со своја програма насловена  „Балкански корени“, во која ќе бидат вметнати и македонски песни, секако песни од нивниот репертоар и неколку песни од светската хорска музика. Концертот е реализиран со желба за меѓусебна културна соработка, која се гради веќе со години наназад. Ваков сличен настан имаше во мај кога охриѓани имаа можност да го проследат настапот на хор од Холандија, кој имаше настап со хорот од Григор Прличев. „Овие настани каде гостите ни се од странство, се можност пред се за културна соработка, меѓутоа и можност за развој на културниот туризмот во Охрид. Интересот од страна на хоровите, фолклорните ансамбли и театри од странство е навистина голем. Со еден збор се продлабочуваат културните мостови помеѓу нас на нашите гости“,    
потенцира Драгана Боцевска, дир. на ЦК „Григор Прличев“.

Директорката на Центарот за култура, Драгана Боцевска, денешната средба со новинарите ја искористи и за да соопшти како ќе бидат искористени средствата кои беа собрани од хуманитарниот концерт, кој на 7ми ноември се одржа во Охрид, на кој се претстави Маестро Симон Трпчевски. Имено таа истекна дека: „Во заеднички договор со локалната од Охрид и „Култур оф“, агенцијата која го застапува Маестро Симон Трпчевски, е одлучено средствата да се доделат на Дејан Нунески од с. Пештани за набавка на компјутер, и остатокот од средствата му се доделува на Дејан Ангелоски, кој боледува од тешка болест и има потреба од лекување во странство“.

Влезот за концертот кој ќе започне во 8 часот ќе биде слободен, па токму поради тој факт од Центарот за култура се надеваат дека љубителите на хорската музика ќе го посетст во поголем број. Исто така во рамки на одбележување на патронот на град Охрид, во просториите на центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложба на уметници од Охрид.

{loadposition content9}