Skip to main content

Невиден злостор

Мртвото тело што вчера беше пронајдено на патот за Велестово на 30 годишниот Александар Ангелески било масакрирано и расфрлано на делови.

 |  Крсте Голабовски  | 
Policija
Полиција

Мртвото тело што вчера беше пронајдено на патот за Велестово на 30 годишниот Александар Ангелески било масакрирано и расфрлано на делови.

lokacija ubistvoМештаните од овој дел ништо не приметиле. Велат дека вакво нешто не виделе. Приведен е братот на починатиот поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело убиство.

За само четири дена ова е второ убиство што се случува во Охрид. Вчера некаде околу 4 часот и 30 минути било пронајдено мртвото тело на Ангелески кој поради засега непознати околности за полицијата било фрлено на патот за Велестово. Телото го пронашол мештанин на Велестово кој веднаш пријавил. Никој ништо нити видел нити чул велат мештаните. Иван Пешликоски жител на Велестово згрозен е од овој чин. Тој од 1972 година одгледува добиток во овој дел и вакво нешто не сретнал. Пешликоски не верувал најнапред, но рече дека добро е што навреме е пронајден за да не го растргнат кучињата и мачките.



{loadposition content9}