Skip to main content

Охриѓани, најчесто на трпеза имаат свинско месо

Во моментов охридските месарници се снабдени со квалитетно месо, а граѓаните и покрај високата цена  не се откажуваат од него.

 |  Валентина Неловска  | 
meso
месо
Во моментов охридските месарници се снабдени со квалитетно месо, а граѓаните и покрај високата цена  не се откажуваат од него. Велат, купуваме најчесто свежо, свинско месо. За појадок и за мезе со ракија на трпеза имаат и сувомеснати производи.

mesaraЕкономската криза не ги одмина охридските  месарници. Продавачите на месо кажуваат дека за разлика од лани продажбата на месо  има блага надолна линија. Иако кризата има влијание врз неговата продажба, сепак граѓаните го купуваат вели Марија Петкоска од месарницата Римес.
Засега ни месарниците, ни продавниците не размислуваат да ги намалат за 10 посто цените на суво меснатите производи како што беше  најавено деновиве. И од месарницата Римес го демантираат  поефтинувањето. Можеби намалувањето ќе се случи за новогодишните празници, но засега нема ништо од најавите.
Во охридските продавници  цената на  сувомеснатите производи се движи од 315 до 410 денари во зависност од видот и квалитетот на производите. Разните видови салами достигнуваат цена од 169 до 230 денари. Свинската  кртина достигнува цена од 300 денари, а јунешкото во зависност од категоријата може да се купи по цена од 310 до 340 денари.




{loadposition content9}