Skip to main content

Стари проблеми, нови маки

ЈП за стопанисување со спортски објекти Билјанини Извори, неможе глава да крене од наследените проблеми.

 |  Татјана Маленкова  | 
лого
logo

ЈП за стопанисување со спортски објекти Билјанини Извори, неможе глава да крене од наследените проблеми.

sportska salaПриходите со кои во моментов располага не се доволни ни за личен доход за вработените, а не камоли за нови инвестиции, вели советникот од ВМРО НП, Јоне Станкоски.

Ова релативно младо ЈП, уште од самиот почеток се соочува проблеми, наследени од времето кога негов сопственик беше Република Македонија поточно ЈП за стопанисување со спортски терени.

„Уште во тој период беа потпишани штетни договори кои траат до 2017 и 2020 год“, вели Станкоски.

Единствени приходи кои стигнуваат на сметката на ЈП во моментов се од издавање на своето земјиште на закупци, како и од паркинзите со кои стопанисуваат. Но овие средства се минимални во споредба со поребите кои ги имаа ЈП, вели Станкоски.

Од паркинзи може многу да се заработи. Но сметам дека краток е периодот за да  се почуствува ефектот од нив. Доколку ЈП ги превземе сите Јавни паркинзи тогаш тоа ќе биде едно од најаките ЈП, не само кај нас туку и во Македонија, смета советникот Станкоски.



{loadposition content9}