Skip to main content

Откажана централната свеченост!

Свечената академија по повод 8-ми декември, денот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид и доделувањето на светиклиментовите награди, откажана.

 |  Валентина Нелоска  | 
Tomislav Tuntev
Томислав Тунтев

Откажана свечената седница посветена на патронот на Охрид.

Нема да бидат врачени  нити Наградата нити Повелбите Свети Климент Охридски.Претседателот на Комисијата за доделување награди, д-р Томислав Тунтев  поднесе неотповиклива оставка.

Претседателот на охридскиот совет Душко Јаковчески ја откажа свечената седница закажана за 8 декмври, кога традиционално се доделуваат Наградата  за животно дело и Повелбите „Св Климент Охридски “.
Овој потег на претседателот на општинскиот совет Јаковчески е резултат на многубројните обиди за политизација и партизација на општинските признанија со името на Патронот и девалвирањето на самото празнување, како и најавеното неприсуствување на советниците од СДСМ и коалиционите партнери во Советот истакна портпаролот Никола Манески.

Во рамките на свечената академијавообичаено се доелуваат и  Наградата и Повелбите „Свети Климент Охридски-Патрон на Охрид“. Претседателот на советот Јаковчески нагласи дека утре нема да бидат врачени овие признанија.

Доктор Томислав Тунтев до  претседателот на Советот  поднесол неотповиклива оставка на функцијата претседател на Комисијата за одбележување празници и манифестации доделување награди и признанија. Тунтев е незадоволен од работата на Комисијата и настојувањето да се исполитизира духот на наградата и името на патронот на Охрид.

{loadposition content9}