Skip to main content

Идеја која ќе остане нереализирана

Преносен компјутер за сите наставници и професори, до крајот на јануари.

tastatura
тастатура
Преносен компјутер за сите наставници и професори, до крајот на јануари. Доколку ова претставува продолжение на проектот „компјутер за секое дете“, тогаш тоа е чиста бесмислица.

kompjuterДо крајот на месец јануари сите просветни работници од Македонија треба да добијат преносен компјутер. Од Министерството за информатика, кое денес го контактиравме, велат дека имаат организирано свои луѓе по региони низ земјава кои ќе ја спроведат задолжителната обука за наставниците, за работа со компјутерите. Истата е предвидено да заврши до крајот на јануари, идната година, со што на наставниците би им се овозможило да стартуваат со нивна употреба со почетокот на второто полугодие. Меѓутоа, уште од самиот старт на оваа иницијатива се пројавуваат недоречености во истата. Имено, во Охрид, сеуште ниту едно училиште нема добиено никаков допис од споменатото министерство, за реализиција на овој проект. Поради фактот што оваа иницијатива претставува продолжение на проектот „компјутер за секое дете“, кој воопшто не ги оправда очекувањата, свој став по ова прашање даде Митре Вељаноски, советник за образование при локалната од Охрид, кој вели:  „Навистина компјутерите дополнително само направија проблем во образованието во Охрид, затоа што наставниците не можат ниту онаа класична настава да ја реализираат, бидејќи компјутерите се само во функција на играчки во образовниот процес, барем засега и навистина и јас го поставувам прашањето до Министерството за образование – кога и како овие компјутери ќе бидат ставени во функција на образованието?
Советникот Вељаноски е скептичен по прашањето дали и кога овој проект ќе стартува во Охрид. Исто така категорично ја отфрла идејата за таканаречено продолжение на иницијативата, бидејќи како што вели тој: Нешто што не започнало, неможе да има ниту продолжение. Дали овој проект не функционира само во Охрид, или и во другите градови во Македонија?
„Продолжение на нешто што не започнало не може да има бидејќи е нелогично. Проектот во образованието во Охрид не е ниту започнат, а од медиумите се информирам дека и наставниот кадар ќе добие лап – топи. Тоа е добра идеја како што беше и претходната, меѓутоа идеја без реализација е еднакво на нула. Апелирам до Министерството за образование конечно да дава резултати од своето работење“, додава Вељаноски.
Оваа иницијатива претставува проект на Министерството за информатика, финансиран од страна на Влада на РМ. За таа намена се предвидени 22 000 лап топи, кои севкупно би чинеле околу 250 милиони денари. Дали и овојпат вака голема сума на средства ќе се покаже како залудна инвестиција.

{loadposition content9}